Архитектура и градба - категорија

загипсира повеќе

Види и: гипсира (св. и несв.)
загипсираат
Вид збор: Глагол, свршен
гипсира
Примери:
Го ангажираше да ги загипсира оштетените ѕидови.

заграда повеќе

мн. загради
Вид збор: Именка, женски род
ограда
Англиски: fence Албански: gardh

загради повеќе

заградат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гради.
Англиски: build Албански: ndërtoj
Примери:
Тој загради нова куќа.

заѕида повеќе

Види и: ѕида (несв.)
заѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ѕида, да гради.
Англиски: build Албански: ndërtoj
Примери:
Утре ќе ја заѕидаме новата куќа.
Затвори ѕиден отвор.
Англиски: immure Албански: mbyll
Примери:
Ја заѕидаа едната врата од салонот.
Затвори некого или нешто со заѕидување во определен простор.
Англиски: brick Албански: tullë
Примери:
Главата на јагнето ја заѕидаа во темелите на куќата.

замок повеќе

мн. замоци
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен феудален дворец со тврдини.
Англиски: castle Албански: kështjell, kala
Примери:
кралски замок

засводен повеќе

засводениот
Вид збор: Придавка
Што е како свод.
Англиски: arched
Примери:
Засводен ѕид.

засводи повеќе

засводат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи сводови на градба.
Англиски: arch
Примери:
Тој го засводи влезот во куќата.

зграда повеќе

мн. згради
Вид збор: Именка, женски род
Поголем објект каде што се сместени јавни институции, установи и сл.
Англиски: building Албански: ndërtesë
Примери:
Факултетска зграда.
Поголема куќа што служи за живеење.
Англиски: building Албански: ndërtesë
Примери:
Тие имаа голема семејна куќа, подобро кажано зграда на четири ката.

здание повеќе

мн. зданија
Вид збор: Именка, среден род
Голема масивна зграда.
Англиски: building
Примери:
модерно здание

земник повеќе

мн. земници
Вид збор: Именка, машки род
Просторија во долниот дел на куќите за чување разни предмети.
Англиски: cellar
Примери:
По Велигден разбоите се внесуваат во земникот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш